Skip to main content

Што ако не функционира мојот клуч за пристап?

Ако ја добиете пораката за грешка: „Се чини дека вашиот клуч за пристап не е важечки. Ако ова се повтори, контактирајте со вашиот управник на услугата.“ Следете ги чекорите подолу за да го решите проблемот:

  1. Уверете се дека го внесувате целосниот клуч за пристап, заедно со првите пет знаци, „ss://“, што може да се копираат автоматски во привремената меморија. Еве пример за тоа како изгледа целосен клуч за пристап (само примерок; нема да функционира):
ss://[email protected]:39485/?outline=1
  1. Ако вашиот клуч за пристап воопшто не се копира во привремената меморија, тоа може да се должи на вашата апликација за разменување пораки или платформа. Ова најверојатно се случува кога ќе примите порака од некој што не е во вашиот список со контакти. Ако го копирате кодот од порака, погрижете се испраќачот да биде додаден во вашите контакти, па обидете се да пристапите до линкот повторно.
  2. Ако сте ги завршиле 1. и 2. чекор и сѐ уште ја добивате пораката за грешка, најверојатно серверот е блокиран или клучот за пристап веќе не важи. Ако вие сте управникот на услугата, обидете се да си генерирате нов клуч. Во спротивно, контактирајте со управникот на услугата за нов клуч.