Грешки на заштитниот ѕид
Постојат три типа проблеми со заштитниот ѕид со кои може да се соочите:
Може да ве блокира заштитен ѕид на мрежата.
Ако се обидувате да инсталирате Outline додека сте поврзани на мрежа со заштитен ѕид, како во училиште или на вашето работно место, обидете се да инсталирате додека сте на друга мрежа.
Ако тоа не функционира, контактирајте со вашиот мрежен администратор за да дозволи поврзувања меѓу мрежата со заштитен ѕид и вашиот сервер на Outline. Ќе треба да ги знаете IP-адресата на вашиот сервер на Outline и портите каде што се извршува Outline, коишто се наведени на крајот од скриптата за инсталација.
Може да ве блокира заштитен ѕид на уредот.
Ако на вашиот уред има софтвер што ги блокира појдовните поврзувања на нестандардни порти или непрепознатлив софтвер (ZoneAlarm на CheckPoint), погледнете во документите за вашиот уред или софтвер за да дознаете како да создадете исклучок за Outline.
Може да ве блокира заштитен ѕид на серверот.
Операторот на облак што го избравте може да бара од вас рачно да создадете исклучоци на заштитниот ѕид на вашиот сервер за да ги отворите портите на кои се извршува Outline. Откако ќе ја извршите скриптата за инсталација, треба да ви се појават двете случајно избрани порти каде што се извршува Outline на серверот. Ќе биде доволно да ги отворите овие две порти.
За да создадете исклучоци на заштитниот ѕид на серверот, препорачуваме да ја погледнете документацијата за „ufw“ и „iptables“: