Зошто не можам да инсталирам Outline Manager на Windows?
Може да ја видите следнава порака за грешка: „За жал, се чини дека Outline не е правилно инсталирана. Обидете се да ја инсталирате повторно. Ако тоа не функционира, испратете повратни информации.”
Ако користите Outline на Windows, повремено може да наидувате на неочекувана грешка. Во повеќето случаи, TAP-адаптерот (драјвер) за Outline треба да се избрише и Outline треба да се инсталира повторно.
Чекорите може да се разликуваат согласно со верзијата на вашиот оперативен систем Windows, но подолу може да најдете општи чекори за тоа како да ги деинсталирате TAP-адаптерот и Outline Manager, па да инсталирате Outline Manager пак.
- Деинсталирајте го TAP-адаптерот за Outline Manager
- Одете во „Управници со уреди“, па „Мрежни адаптери“
- Најдете ја датотеката TAP-Windows Adapter V9 или TAP-адаптерот поврзан со Outline
- Деинсталирајте или избришете го адаптеров. Имајте предвид дека ова може да влијае на другите апликации за VPN што сте ги инсталирале.
- Деинсталирајте ја Outline Manager
- Одете во „Програми и функции“, па во „Деинсталирање програма“
- Најдете ја апликацијата Outline Manager и деинсталирајте ја
- Преземете ја најновата верзија на Outline Manager и инсталирајте ја пак на вашиот уред со Windows. Новата инсталација би требало да инсталира нов TAP-адаптер автоматски.
Ако и понатаму имате проблем, контактирајте со службата за поддршка.