Skip to main content

Како се испраќаат повратни информации или предлози

Фала што ни помагате да ја подобриме Outline! Постојат неколку начини да ни испратите повратни информации – анонимно или со вашата адреса на е-пошта ако ви треба одговор:

  • За програмерите: Outline е софтвер со отворен код, а целиот наш код го хостираме на GitHub. Вашите идеи може да ги споделите на GitHub или нашата заедница на Reddit.
  • За корисниците: може да ни испраќате повратни информации преку апликациите Outline или Outline Manager. Кажете ни на што се однесуваат вашите повратни информации и, ако сакате, оставете адреса на е-пошта за да може да ви одговориме за тоа. Исто така, прибираме некои метаподатоци за вашата околина, на пр., прелистувачот, оперативниот систем и верзијата на софтверот што ја користите за да може да ви помогнеме при решавањето проблеми.
  • Преку сајтов: може да кликнете на линкот за контактирање со нас каде и да го видите на сајтот.
  • Сериозни проблеми: ако сакате да пријавите сериозен проблем со безбедноста, би ни значело ако ни испратите е-порака со детали на security [at] getoutline.org.

Уште еднаш, благодариме што одвоивте време да ги споделите вашите размислувања со нас.