Skip to main content

Управување со пристапот до сервер на Outline (со клучеви за пристап)

Штом ќе завршите со инсталирањето на вашиот сервер на Outline, ќе може да започнете со споделување и управување со пристапот на луѓето до него. Луѓето коишто ќе добијат покана од вас ќе може да ја преземат апликацијата Outline за да користат Outline за заштита на својот сообраќај на интернет.

Споделување пристап до вашиот сервер на Outline

Откако ќе го завршите инсталирањето сервер на Outline, ќе ве пренасочиме кон страницата со детали за серверот во Outline Manager, каде што ќе може да создадете клучеви за пристап. Дознајте повеќе за клучевите за пристап.

  • Создавање клучеви: кликнете ја малата икона „+“ на дното на страницата за да создадете нови клучеви.
  • Споделување клучеви: оддесно на секој од клучевите, има икона за споделување што може да ја кликнете за да добиете покана. Копирајте и залепете ја поканава во системот за размена на пораки што ќе го изберете.

Барање за функција: споделување пристап од апликацијата Outline Manager

Многу администратори на сервери бараат од нас да го рационализираме процесот на испраќање покани така што ќе им обезбедиме опција да внесат нечија адреса на е-пошта директно во Outline Manager.

За жал, веројатно нема да ја создадеме оваа функција во Outline Manager. Еден од нашите основни принципи е да ја поддржуваме приватноста и безбедноста на нашите корисници, што значи дека не создадовме место за вметнување адреси на е-пошта или податоци за контакт.

Затоа бараме од администраторите на серверот да користат безбедна платформа за размена на пораки, на пр., е-пошта или безбеден разговор за да ја испратат поканата до крајниот корисник.

Какво е доживувањето на корисникот откако ќе споделите клуч за пристап со него

  1. Корисникот ќе кликне на линкот за инсталирање од неговиот уред
  2. Ќе му се појави барање за инсталирање на апликацијата Outline ако не е веќе инсталирана
  3. Ќе воспостави првична врска со вашиот сервер на Outline преку единствениот клуч вметнат во поканата
  4. Отсега ќе може да го користи копчето за поврзување/прекинување на врската за да управува со својот пристап на интернет преку вашиот сервер на Outline

Отстранување пристап до вашиот сервер на Outline

Од страницата со детали за серверот во Outline Manager, оддесно на секој од клучевите на серверот, ќе видите мени со опција за бришење клуч. Со бришењето некој клуч, се отстранува пристапот до серверот.