Како се поставуваат ограничувања на сообраќајот на клучевите за пристап?
Може да поставите ограничување на сообраќајот што ќе важи за сите клучеви за пристап. За да го поставите ограничувањето, отворете ја Outline Manager и одете во „Поставки“. Таму ќе видите прекинувач за функцијата „Oграничувања на сообраќајот“ што, кога е овозможена, ви овозможува да поставите ограничување.

Откако ќе поставите ограничување, ќе може да видите колку е блиску секој од корисниците до ограничувањето на страницата со клучеви за пристап, каде што во графикон со столбови е прикажан потрошениот интернет во текот на минатите 30 дена.

Освен што може да се постави ограничување за сите ваши клучеви за пристап, може и на секој од клучевите да му се додели сопствено ограничување на сообраќајот. Поставкава ќе го отфрли стандардното ограничување на сообраќајот што сте го поставиле, а ако не сте поставиле стандардно ограничување на сообраќајот, сѐ уште ќе може да поставите ограничување на сообраќајот за кој било од клучевите.
За да поставите ограничување на преносот на податоци на даден клуч, отворете ја Outline Manager, одете во картичката „Поврзувања“ што го содржи клучот што сакате да го поставите и кликнете го менито на десната страна на редот на клучот. Оттука, кликнете „Ограничување на сообраќајот“. За да го промените ограничувањето на сообраќајот на „Мојот клуч за пристап“, кликнете ја иконата за „Ограничувања на сообраќајот“ .

Изберете „Поставете приспособено ограничување на сообраќајот“. Штом ќе го изберете ова поле за избор, ќе се појави поле во коешто ќе може да го поставите приспособеното ограничување на сообраќајот на конкретниот клуч. Кога ќе завршите, кликнете го копчето „ЗАЧУВАЈ“ за да го зачувате ограничувањето на сообраќајот.

Откако ќе го зачувате вашето ограничување за пренос на податоци за избраниот клуч, ограничувањето ќе се прикаже на главниот екран, заедно со потрошениот интернет (во текот на минатите 30 дена) за секој од клучевите.
За да го отстраните ограничувањето на сообраќајот на некој клуч за пристап, одете во дијалогот за „Ограничување на сообраќајот“ на клучот како претходно, отштиклирајте го полето со етикета „Поставете приспособено ограничување на сообраќајот“ и кликнете го копчето „ЗАЧУВАЈ“.

ЧПП за ограничувањето на сообраќајот
Што е „Следење на ограничувањето на сообраќајот од 30 дена“?
„Следењето на ограничувањето на сообраќајот од 30 дена“ ќе го резимира користењето на секој од клучевите во минатите 30 дена и ќе го задржи користењето на клучот во тој период под ограничувањето. Целта е да се спречи користењето на клучот да го надмине ограничувањето во текот на кој било период од 30 дена, што ги опфаќа и календарските месеци со 30 или помалку дена. Всушност, ова значи дека достапниот сообраќај на секој корисник ќе се зголемува секој ден за количината искористена пред 31 ден.
Зошто Outline користи следења на ограничувањата?
Следењата на ограничувањата обезбедуваат гаранции во текот на секој период од 30 дена, што значи дека се поедноставни за конфигурирање од повторливо ограничување (на пр., приспособлив ден во месецот), а обезбедуваат слични гаранции. Освен тоа, се совпаѓаат со постојниот приказ за потрошениот сообраќај на Outline, како и стандардните алатки како што се аналитичките услуги и статистиката на серверот.
Кој сообраќај се вбројува во ограничување на сообраќајот?
Пресметката го опфаќа излезот од серверот за секој клуч за пристап. Конкретно, ова се однесува на сообраќајот што се испраќа во име на клучот надвор од серверот, како и назад до клиентот. Практично, ова треба внимателно да се усогласи со сообраќајот испратен од клучот до серверот и назад, па се надеваме дека ќе се совпаѓа со пресметките на вашите корисници. Избравме излез бидејќи тоа е она за што наплаќаат операторите на облак што ги анкетиравме.
Дали корисниците ќе добијат известување ако го надминат своето ограничување на сообраќајот?
Во моментов не. Многу оператори на облак опфаќаат ограничување од, на пр., 1 TB за целиот месец, што може да обезбеди по 100 GB за 10 корисници или по 10 GB за 100 корисници. Ова се прилично големи бројки и не очекуваме дека многу корисници ќе ги достигнат. Се надеваме дека корисниците ќе контактираат со управниците со серверот кога ќе го достигнат своето ограничување. Сепак, многу ќе ни значат вашите повратни информации за тоа како известувањата може да помогнат во вашиот случај на користење, па може да контактирате со настука.
Дали корисниците ќе добијат известување ако се приближат до своето ограничување на сообраќајот?
Количината нов сообраќај што ќе ја добие корисник што се приближува до своето ограничување ќе се разликува од ден на ден бидејќи зависи од неговото користење пред 30 дена. Сметаме дека известување најверојатно нема да им помогне на крајните корисници, туку само ќе ги збуни. Ќе ни значи ако ни ги испратите вашите повратни информации за однесувањевотука.
Дали може да се ресетира потрошениот сообраќај на даден корисник?
Не, ограничувањето за даден корисник секогаш ќе го опфаќа потрошениот сообраќај во минатите 30 дена. Сепак, може да го зголемите ограничувањето на сообраќајот на неговиот клуч за пристап или да создадете нов клуч за него.
Зошто некои од моите корисници го изгубија пристапот кога ги овозможив ограничувањата на сообраќајот?
Ограничувањата на сообраќајот се засноваат на преносот на податоците на корисниците во претходните 30 дена, што се евидентира независно од тоа дали се овозможени ограничувања на сообраќајот. Можно е конкретните корисници веќе да го надминале ограничувањето пред воопшто да се постави. Имајте предвид и дека се применуваат сите ограничувања на сообраќајот, дури и кога се променува ограничувањето на сообраќајот на еден клуч.
Дали може да се постави ограничување на целиот сервер, на пр., „1 TB на 30 дена“?
Во моментов не. Би сакале да слушнеме повеќе за вашиот случај на користењетука.
Ако постои стандардно ограничување на сообраќајот и ограничување на сообраќајот на конкретен клуч, кое ограничување ќе се примени?
Ограничувањето на сообраќајот на конкретниот клуч ќе го отфрли секое стандардно ограничување на сообраќајот (ако има) што сте го поставиле.
Дали може да се постави ограничување на сообраќајот на конкретен клуч ако нема поставено стандардно ограничување на сообраќајот?
Да. Не треба да има дефинирано стандардно ограничување на сообраќајот за да се постави ограничување на сообраќајот на еден клуч. На пример, може да поставите ограничување на еден клуч за којшто сметате дека може да се сподели со многу луѓе за да се заштитите од прекумерен пренос на податоци преку тој клуч.