Како да го избришам мојот сервер на Outline?
За повеќето оператори на облак, прилично е лесно да се отстрани конкретната виртуелна машина што ја користите.
Ако користите DigitalOcean како ваш оператор на облак, може да ја избришете постојната виртуелна машина ако го кликнете копчето со запченик и изберете „Избриши го серверот“. Веднаш потоа, системот ќе ви понуди да создадете нова виртуелна машина на локација по ваш избор.
Ако отстраните сервер на Outline, серверот ќе се избрише трајно и неговите клучеви за пристап веќе нема да функционираат. Ако не сакате да има прекин на пристапот на луѓето преку Outline, ќе треба да поставите нов сервер на Outline и да споделите пристап до него пред да го избришете стариот сервер.