Колку чини извршувањето на Outline?
Софтверот Outline е бесплатен за сите, независно од тоа дали сте администратор на сервер што управува со VPN или лице што користи Outline за пристап до отворениот интернет.
Сепак, за да може да функционира, Outline бара пристап до сервер во облак. Администраторите на серверот што веќе имаат пристап до сервер може да инсталираат Outline на него без дополнителни трошоци. Лицата што немаат пристап до сервер може да добијат пристап од давател на услуги во облак, како DigitalOcean или Amazon Web Services, за околу 5 американски $ месечно за дозволен пренос на податоци од 1 терабајт, што е доволно да се поддржат стотици корисници на еден сервер.
Пример за тоа како може да пресметате за да утврдите колку би чинело да се извршува Outline со вашиот избран оператор на облак:
| Ако се претпостави дека просечно се трошат 5 гигабајти за пренос на податоци по корисник на месечно ниво, претплатата од 5 американски $ месечно ќе овозможи околу 200 корисници истовремено, со што цената по корисник ќе биде само 2,5 центи месечно. Имајте предвид дека преносот на податоци што се врши по корисник на месечно ниво значително ќе се разликува зависно од брзината на пренос со која корисниците вршат активности, но повеќето даватели на услуги во облак ќе се приспособат за да ги обезбедат зголемувањата на сообраќајот. |
|---|
Всушност, користењето на Outline е целосно анонимно за Jigsaw и Google. Не го следиме вашиот идентитет или сообраќај и нема план за монетизација. Наместо тоа, со нашата заедница за софтвер со отворен код работиме на тоа да се погрижиме да може да го обезбедиме софтверот без трошоци за нашите корисници. Дознајте повеќе за податоците што ги прибираме тука.