Како се поставуваат повеќе сервери на Outline
За да поставите дополнителни сервери на Outline, кликнете ја иконата „+“ во таблата за навигација одлево на апликацијата Outline Manager. Инструкциите за додавање нов сервер се исти како кога се инсталира првиот.
- Нема ограничување за бројот на сервери на Outline што може да ги создадете.
- За секој сервер на Outline што го создавате, ќе ви треба соодветна виртуелна машина.
- Создавањето дополнителни машини или капки може да ги зголеми вашите надоместоци кај вашиот оператор на облак. Проверете го пакетот цени со вашиот оператор на облак за да знаете што да очекувате.
Создавање дополнителен сервер на Outline на DigitalOcean
Откако ќе ја кликнете иконата „+“ и ќе изберете да инсталирате на DigitalOcean, ќе ги следите истите инструкции како и при поставувањето на вашиот прв сервер. Покрај тоа, Outline Manager се интегрира со DigitalOcean, па може да ја создадеме капката за вас без воопшто да мора да ја напуштите апликацијата Outline Manager.
Имајте предвид дека Outline Manager може да поддржува само една сметка на DigitalOcean истовремено. Ако сакате да додадете или да создадете други сервери на Outline од други сметки на DigitalOcean, може да ги додадете како напредна конфигурација.
Создавање дополнителен сервер на Outline на GCP, AWS или друг давател на услуги во облак
Започнете со создавање нова виртуелна машина со избраниот оператор на облак. Потоа, отворете ја апликацијата Outline Manager и завршете ги чекорите во инструкциите за напредна инсталација, исто како што можеби сте го направиле тоа првиот пат.