Skip to main content

Безбедност и приватност при користењето Outline

Безбедност и приватност при користењето Outline

Како Outline ја штити вашата онлајн комуникација

Интернетскиот сообраќај е најподложен на надзор додека патува преку вашата локална или национална мрежа.

Outline помага да ја зачувате приватноста на вашата комуникација со шифрирање на вашиот интернетски сообраќај додека патува низ вашата национална мрежа, а шифрирањето останува сѐ додека не стигне до серверот на Outline. Кога сообраќајот е шифриран со Outline, посматрачите на мрежата не може да ги прегледуваат веб-сајтовите што ги отворате или податоците што ги префрлате.

Outline може да ви помогне и да го вратите пристапот до алатки за безбедна обострана комуникација што инаку може да не се достапни во вашата земја.

Стандарди за шифрирање

Outline ја шифрира комуникацијата меѓу вашиот уред и серверот на Outline со шифрата AEAD 256-bit Chacha2020 IETF Poly 1305. Шифрите AEAD нудат доверливост, интегритет и автентичност, а имаат и одлична изведба на модерен хардвер.

Безбедносни проверки

Во 2018 година, проверка на Outline извршија Radically Open Security и Cure53, две независни организации за дигитална безбедност што го проверуваат софтверот според најновите безбедносни стандарди. Radically Open Security изврши дополнителна проверка во 2022 година, а Cure53 изврши проверка на Outline SDK во 2024 година. Извештаите може да ги прочитате тука:

Анонимна метрика и евиденција

Outline ја следи користената брзина на пренос, како „пренесени бајти“ за секој клуч за пристап. Информацииве им овозможуваат на администраторите на серверот да ги приспособат претплатите за брзина на пренос со операторите на сервер во облак по потреба, но не дозволуваат да ги видат конкретните информации што поминале преку серверот на Outline.

Дознајте повеќе за прибирањето податоци и информации на Outline.


ЧПП за безбедност и приватност

Дали Outline може да го направи анонимно моето присуство онлајн?

Не, Outline не е алатка за анонимност. Outline ја штити вашата приватност од можни посматрачи на мрежата.

Outline не ви нуди целосна анонимност на веб-сајтовите што ги отворате бидејќи сè уште може да ве идентификуваат кога се најавувате, а понекогаш и преку техники, како што е отпечатокот од прелистувачот. За мобилните апликации, повеќето модерни паметни телефони имаат API што овозможува инсталираните апликации да ја вратат вашата локација независно од вашиот прокси бидејќи може да се потпрат на вградениот GPS.

Општо земено, VPN нудат важна заштита, особено од надзор на интернет, но секогаш постојат ризици при работење онлајн. Дури и со VPN, ако даден ISP веќе го знае вашиот идентитет и може да го набљудува вашиот мрежен сообраќај, можеби ќе може да ја утврди IP-адресата на вашиот сервер на Outline. Овие информации може да се користат за блокирање на пристапот до серверот на Outline или учење шеми на користење, како кога сте обично онлајн, а можеби и вашата приближна локација.

Дали некој може да каже дали користам Outline?

Можно е. Платформите и услугите до кои пристапувате најверојатно ќе може да кажат дека се поврзувате од сервер во облак. Понекогаш, ќе може да заклучат дека користите VPN, но нема да може да ги видат содржините на вашиот интернетски сообраќај.

Дали Outline ме штити од сите можни закани на интернет?

Не. Ниту една алатка не може да ве заштити од сите можни закани на интернет. Outline ви обезбедува пристап до отворениот интернет и ја зголемува вашата приватност со шифрирање на вашиот сообраќај, но препорачуваме да преземете дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитите од други типови напади, како што се злонамерен софтвер и фишинг.

За да ја зајакнете вашата онлајн одбрана, размислете да работите со експертот за безбедност на интернет во вашата организација. Инаку, може да добиете персонализиран водич од водечките експерти за безбедност на Security Planner, веб-сајт создаден за да ви обезбеди јасни инструкции за изборот на вистинските алатки за безбедност на интернет за вашите недоумици.

Може да ги погледнете и другите производи за безбедност на интернет од Jigsaw, како Intra, Project Shield и Заштита на лозинка.

Дали е легално да се користи VPN?

Пред користењето на Outline или апликацијата Outline, проверете ги вашите локални закони, регулативи и „Условите за користење“ за операторот на облак што планирате да го користите.